ВО БИХ ИМА 578 НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОВИД, НИТУ ЕДЕН ПАЦИЕНТ НЕ Е ПОЧИНАТ: Последна статистика
Во изминатите 24
часа, во Босна и Херцеговина се регистрирани 578 новозаразени лица со
коронавирус. Не се пријавени смртни случаи.
Во изминатите 24 часа, 1.772 примероци беа пријавени до Институтот за јавно здравје на Федерацијата Босна и Херцеговина, од кои 393 беа позитивни. Регистрирани се нови случаи во сите кантони во Федерацијата БиХ, освен во Босанско-подрињската. Во изминатите 24 часа, во Федерацијата БиХ нема пријавено смртни случаи, објави Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ.
Досега се тестирани вкупно 796.040 примероци, а присуството на вирусот е регистрирано кај 139.659 луѓе. Вкупниот број на смртни случаи во Федерацијата БиХ е 5.587.
Во Република Српска, во последните 24 часа, корона вирусот е потврден кај 167 лица од 500 тестирани, а нема пријавено смртни случаи, според Институтот за јавно здравје.
ИЗВОР: N1