Во БиХ 15.000 нови изградени станови се празни
Во БиХ околу 15.000 нови изградени станови се празни, нема кој да ги купи.
– Се гради и понатаму но не како пред кризата. Останува нејасно на кого тие станбени објекти ќе се продадат – велат од Асоцијацијата за градежништво и индустрија на градежни материјали на БиХ.
Претседателот на Синдикатот за градежништво на БиХ, Шабан Кадириќ, исто така потврди дека речиси во секој град становите се празни а ги има многу и во Сараево, Тузла, Зеница, Бањалука, Мостар, пишуваат Независне новине.
Цената на станбениот простор падна од 10 до 15 отсто, но наспроти тоа купувачи нема на повидок.
Слично
