Во Белград е уништен муралот на Путин - граѓани напишале „Убиец“
Во Србија е уништен муралот на шефот на руската држава, Владимир Путин.
Муралот посветен на рускиот претседател Владимир Путин, кој вчера се појави на зграда во населба во Белград, денеска е уништен. На муралот посветен на Путин, на кирилица пишува „брат“, а во позадина се руското и српското знаме. Денеска некој му нацртал мустаќи на Путин, му го испрскал лицето со црвен спреј и напишал „Убиец“.
Иако Србија не воведе санкции за Русија, сепак и во српските градови Белград и Нови Сад имаше протести за поддршка на Украина. Протести на кои се бара запирање на војната имаше во регионот, и ширум светот.foto RSE
Слично
