Во Белград бебе падна од отворен прозорец од вториот кат на градинка
Во српската престолнина Белград, бебе паднало од вториот кат во градинка.
Првите резултати од истрагата укажуваат дека детето е повредено откако паднало од прозорецот од вториот кат од спална соба во градинката „ТРЧУЉАК“ на улицата Миљаковачка стазе во Белград, пренесуваат српските медиуми. Полициска патрола веднаш е испратена на местото на настанот. Бебето паднало од висина од околу 7-8 метри.
Неофицијално, наставничката вели дека детето го искористило нејзиното невнимание, се качило на масата што била до отворениот прозорец и паднало низ прозорецот.
Оваа година медиумите јавија за две мали деца кои во Белград паднаа од прозорец во зграда. Едното од нив почина.
Слично
