Во Белгија железничарите на нозе, најавија 24 часа штрајк
Од вечерва со 24 часовен штрајк своето незадоволство кон власта ќе искажат вработените во белгиската железница, според најавите штрајкот се очекува во голем дел да ја парализира земјата. Работниците не се согласуваат со намерите на Владата која сака да изврши поделба на државната железница на две јавни претпријатија, што според вработените отвора можност голем дел од нив да останат без работа. Стартот на штрајкот е во 22 часот , домашните и меѓународни возови нема да сообраќаат, а исто така и супербрзите возови „Еуростар“ и „Талис“ кои ги поврзуваат најголемите европски градови. Според министерот за јавни работи Пол Магнет ова е неоправдано незадоволство на железничките работници.
Слично
