Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во банките во Грција останаа пари само за уште еден ден

Во банките во Грција останаа пари само за уште еден ден

Во банкарскиот систем на Грција остана ликвиден тампонот од само 1 милијарда евра и тоа се средства кои стигнуваат само за еден ден, објавил пред новинарите Лука Кацели, претседател на банкарската асоцијација на земјата.

„Ликвидноста е обезбедена до понеделник, потоа сето тоа зависи од одлуката на Европската централна банка“, изјави Кацели е шеф и на „NBG“ - најголемата приватна банкарска група во земјата.

Минатиот петок - последниот ден пред изрекувањето на банкарскиот прекин до вечерта беа повлечени над 1,4 милијарди евра. На позадината на дефицитот од средства поради лимитот од 60 евра на ден и 120 евра неделно за пензионерите, може да се очекува дека ако во вторник банките отворат врати парите ќе завршат до ручек.

Големината на блокирани банкарски системи и депозити е околу 130 милијарди евра, но мал дел од нив се достапни како готовина.

Одборот на „ЕЦБ“ ќе заседава во понеделник наутро, за да одлучи - според резултатот од референдумот во недела - дали ќе ги продолжи замрзнатите на 89 милијарди евра (од кои повеќето веќе се искористени од грчките банки) фонд на грчката централна банка за итна ликвидност.

Слично

Поврзани вести