Во Бања Лука загина работник на македонски „Гранит“
Градежен работник на компанијата „Гранит“ - Скопје загина на изградбата на автопатот Прњавор-Добој во Босна и Херцеговина. Работникот Златко Г. починал во Клиничкиот центар во Бања Лука како последица на здобиени опекотини од струен удар.
Во неделата, работникот кај местото Штрпци, ја подигнал приколката на камионот, која допрела жица од далновод, по што камионот го зафатил пожар.
Тој така се здобил со опекотини опасни по живот и веднаш бил префрлен на Клиничкиот центар во Бања Лука. Таму лекарите се обидувале да го спасат работникот од Македонија, но без успех.
Изградбата на автопатот Прњавор - Добој е една од најголемите зделки на македонската градежна компанија „Гранит“ во странство и на овој проект работат и голем број работници од Македонија.
Слично
