Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Австрија инфлацијата урива рекорди

Во Австрија инфлацијата урива рекорди

Инфлацијата во Австрија достигна највисоко ниво во последните 47 години. Поскапеле горивата, енергијата за домаќинствата, прехранбените производи и угостителството.

Индексот на потрошувачките цени скокна за 9,3 отсто, покажаа прелиминарните податоци на федералната канцеларија за статистика Statistik Austria. 

„Во јули 2022 година стапката на пораст на потрошувачките цени се искачи на 9,3 отсто. Ова е највисока стапка на инфлација од февруари 1975 година“, рече Тобајас Томас, извршен директор на Statistik Austria.

Годишната инфлација во јуни беше рекордно висока за периодот од септември 1975 година, достигнувајќи ниво од 8,7 отсто.

Годишната стапка на инфлација во јули достигна ново рекордно ниво во ЕУ и во еврозоната, покажа  извештајот на Евростат. Таа во јули изнесуваше 9,8 отсто, што е ново највисоко ниво откако Европската статистичка служба почна да објавува извештаи во 2001 година.

Слично

Поврзани вести