Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во август повеќе се градело од лани, колку дозволи за градба се издадени?

Во август повеќе се градело од лани, колку дозволи за градба се издадени?

Во август 2016 се издадени 249 одобренија за градење што е за 20.9% повеќе во однос на истиот месец лани. 

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 586 409 илјади денари што е за 28.5% помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 151 (60.6%) се наменети за објекти од високоградба,  32 (12.9%) за објекти од нискоградба и 66 (26.5%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 249 објекти, на 158 (63.5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 91 (36.5%) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 276 станови со вкупна корисна површина од 27 426 м2.

По региони, во вардарски се издадени 11 одобренија, источен 30, југозападен 43, југоисточен 7, пелагониски 24, полошки 44, североисточен 29, и скопски 61. 


Слично

Поврзани вести