Во Атина се очекуваат промени во кабинетот и избори
Владини промени и избори се дефинираат како приоритет на владата во Атина по гласањето синоќа од парламентот за новите мерки за штедење, и тоа покажа длабок јаз помеѓу Алексис Ципрас и Левата платформа во партијата „СИРИЗА“, пишува весникот „Вима“.
Извори, цитирани од весникот, очекуваат во претстојниот период со промените на владата да бидат отстранети најмалку петмина министри, кои гласаа против договорот со кредиторите, откако оставки веќе поднесоа петмина од нив - министерот за енергетика Панајотис Лафазанис, вториот министер за труд Димитрис Стратулис, вториот министер за национална одбрана Костас Исихос, вториот министер за европски прашања Никос Хундис, вториот министер за финансии Надја Валаам.
Се покажува дека во втората фаза Ципрас ќе се ориентира кон подигнувањето на процедури за прибегнување кон изборните кутии и дека тоа ќе се случи откако ќе ја заврши првата фаза од најтешките аранжмани со кредиторите, што и онака ќе бара и други гласања во Парламентот, каде резултатите ќе бидат слични.
По гласањето владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис изјавил дека парламентот го направил првиот значаен чекор во врска со договорот, и гласал за тешките мерки.
Резултатот од ова гласање сепак донесе сериозно неединство во редовите на парламентарната група на „СИРИЗА“. 32 пратеници одлучија да не ја поддржат владата на левицата, и гласаа против нејзиниот избор да ја спречат опасноста од банкрот на земјата, успешното финализирање на договорот е главен приоритет на премиерот и владата, додал портпаролот.
