Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Атина напад на француската амбасада

Во Атина напад на француската амбасада

Француската амбасада во грчката престолнина, Атина утрово беше мета на напад. 

Нападот на објектот е извршен со рачна граната. 

Две лица на мотоцикл фрлиле рачна граната врз полицискиот пункт пред француската амбасада, при што еден од полицајците e полесно ранет. Инцидентот се случил рано утринава, информира Њуз.ин, пренесува БТА.

Полицијата трага по напаѓачите.

Една од централните улици на Атина е затворена.

Властите ги прегледуваат видео снимките од безбедносните камери по околните згради, како и од сведоштвата на полицајците, кои се наоѓале наспроти влезот на грчкиот Парламент.


Слично

Поврзани вести