Во Атина ќе се отвори специјализиран трговски центар за овошје и зеленчук
Во Атина е отворен специјализиран трговски центар во кој производителите ќе можат директно да им ги продаваат своите артикли на купувачите без учество на препродавачи, објави „Етнос“.
Весникот наведува дека трговскиот центар, кој треба да биде отворен во септември 2014 година, ќе биде на 3.000 метри квадратни и се очекува да привлече од 60 до 70 производители.
Во објектот нема да има продавници туку овошјето, зеленчукот, маслото, медот, колачите, колбасите, локумите и сапунот ќе се продаваат на тезги.
Слично
