Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во аптеките недостига инсулин

Во аптеките недостига инсулин
Во скоро сите инсулински аптеки во последниве месеци фали инсулин. Ова го тврдат од здружението на дијабетичари „Баланс“, од каде барале прием во ресорното министерство, но не биле примени. Тие велат дека со ова несериозно работење надлежните си играат со дијабетичарите. Кога фали одреден тип на инсулин, дијабетичарите се префрлаат од еден тип на друг. „Тоа е на директна штета на пациентите, се загрозува нивниот живот. Потребно е време организмот да се адаптира на новиот лек, ако воопшто го прифати. Вообичаено е инсулинот да се менува во клинички услови кога пациентот е под постојан лекарски надзор, а не во домашни услови“ – објаснува Цвете Серафимовски од „Баланс“. Од „Баланс“ велат дека објавена е спецификација за новиот тендер за набавка на инсулин, со кој се намалуваат количините на аналогни современи инсулини, а се зголемуваат на хуманите инсулини. На последниот тендер 90 % од инсулините биле од современите, потоа се намалија на 75 %, а сега со најновата спецификација современите инсулини се 55 % од вкупните количини. Ова се должи на тоа што болните принудно се префрлаат од еден на друг тип инсулин.
Слично

Поврзани вести