Во април за 4,1 отсто е зголемен бројот на туристи
Бројот на туристите во април годинава, во однос на истиот месец лани е зголемен за 4,1 отсто, додека бројот на ноќевањата за истиот период порасна за 9,7 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според податоците, бројот на туристите во април 2013 година изнесува 42.380, а бројот на ноќевањата изнесува 93.455.
Бројот на домашните туристи во април годинава, во однос на април лани е зголемен за 3,4 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 4,5 отсто. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во овој период е зголемен за 8 проценти, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11 отсто.
Во периодот јануари - април 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 3,2 отсто. Кај домашните туристи има намалување за 0,2 проценти, а кај странските има зголемување за 5,4 отсто.
Турците биле убедливо најбројните туристи што ја посетиле Македонија во април. Како што објави државниот завод за статистика во Македонија тој месец дошле 7.774 туристи од Турција кои оствариле 11.607 ноќевања.
Значителен е и бројот на туристи од Грција односно 3021 посетител на Македонија, а четирицифрени се и бројките на туристи од Бугарија, Србија, Хрватска и Словенија.
Слично
