Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во април се „стопиле“ девизните резерви во споредба со март

Во април се „стопиле“ девизните резерви во споредба со март

Вкупните девизни резерви на крајот на април 2017 година биле 2,49 милијарди евра. 

Тоа е за 38,5 милиони евра помалку во однос на март, покажуваат податоците на Народна банка (НБРМ).

Минатата година во истиот период, вкупните девизни резерви „тежеле“ 2,19 милијарди евра.

Најголем дел од вкупните државни девизни резерви се во хартии од вредност, на чие салдо во април имало 1,81 милијарди евра или за 4,6 милиони евра помалку во однос на претходниот месец. На крајот на април минатата година хартиите од вредност изнесувале 1,52 милијарди евра.

Валутите и депозитите на крајот на април изнесуваа 423,7 милиони евра, еден месец претходно беа 457,8 милиони евра. Во истиот период лани тие биле 282,9милиони евра.

Во април монетарно злато вредеше 256 милиони евра, а само еден месец пред тоа 255,7 милиони евра. Во април година порано монетарното злато изнесуваше 245,6 милиони евра.

Слично

Поврзани вести