Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО АПРИЛ ПОВИСОКА БРУТО И НЕТО ПЛАТА: Кои сектори придонесоа за раст?

ВО АПРИЛ ПОВИСОКА БРУТО И НЕТО ПЛАТА: Кои сектори придонесоа за раст?

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2017 изнесува 33 296 денари, a просечната месечна исплатена нето-плата била 22 672 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2017 година, во однос на април 2016 година, изнесува 101.5

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (19.7%), Рударство и вадење на камен (12.8%) и Трговија  на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.8%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Информации и комуникации (11.8%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.9%) и Градежништво (3.5%).

Во април годинава, 0.9% од вработените во Република Македонија не добиле плата.

Слично

Поврзани вести