Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Апелација стигна предметот за градоначалникот Талески

Во Апелација стигна предметот за градоначалникот Талески

Апелација денеска од Кривичниот суд го доби на понатамошно постапување предметот за градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Судијата на претходна постапка, по барање на СЈО за определување на мерка притвор за Талески, определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

Талески не смее да го напушти домот, а полицијата врши контроли. Во спротивно, против него ќе се определи мерка притвор.

Жалба на одлуката за куќен притвор досега најави одбраната на Талевски, а Апелацискиот суд ќе одлучува дали ќе ја укине оваа одлука или ќе го потврди решението на Основниот суд Скопје 1.

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 претходно го укина решението на судијата на претходна постапка со кое на Талески само му беше одземен пасошот и донесе одлука на Талески да му биде одреден куќен притвор.

Талески и уште 22 лица се осомничени за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, со што го оштетиле буџетот за 360.000 евра.

Слично

Поврзани вести