Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Анталија две села целосно изгореа во пожар

Во Анталија две села целосно изгореа во пожар

Две села изгореле во пожар во Анталија во Турција, а луѓето се евакуирани. Пожарот избувнал на четири различни локации во градот Сиде во близина на Анталија околу 12 часот, и брзо се проширил поради ветерот. 

Како што јавуваат локалните медиуми, во некои хотели наводно нема струја и вода. Сè уште нема информации за  жртви, пишува Hurriet Daily News.

Повеќе од 400 пожарникари се вклучени во гаснењето на огнот. Ангажирани се авион, 19 хеликоптери и повеќе од 100 возила.

Страотен пожар имаше и во Грција, каде во близина на Атина изгореа куќи, гаражи и борова шума. 

Турција пак неодамна имаше и поплави, во кои имаше штети и жртви. 

Слично

Поврзани вести