Во амбулантното возило од синоќешната сообраќајка кај Радовиш – Штип имало дете
Синоќа на патниот правец Радовиш-Штип кај местото Дамјан се случи сообраќајна несреќа, во која возило на Брза помош од Радовиш удрило во камион додека пренесувало пациент, двегодишно детенце.
Имено, според деталите во сообраќајката која се случи околу 22 часот, потешко повреден бил возачот на амбулантното возило, додека полесно повреден е возачот на камионот и двајца сопатници од возилото на Брза помош. Детенцето минало без видливи повреди.
Сообраќајката се случила кога амбулантното возило марка „пежо“ од засега непознати причини удрило во задниот десен дел од камионот марка „МАН“, по што товарното возило преминало на левата страна од коловозот.
Четириесетгодишниот возач на патничкото возило М.Ј.се здобил со фрактура, додека двајцата сопатници, триесетгодишниот К.С. и триесет ичетиригодишниот М.С. се здобиле со полесни повреди. Со телесни повреди поминал и педесет и етиригодишниот возач на камионот Б.Т.
Извршен е увид на ,лице место и се утврдуваат причините за несреќата.
