Во амбасадата на САД во Белград се појави мистериозна болест
Мистериозна болест се појавила во амбасадата на САД во Белград.
Волстрит Џурнал пишува дека ЦИА во последните седмици евакуирала разузнавач кој работел во Србија, кој претрпел сериозни последици од невролошки напади, познат како „Хавана синдром“, пишува Дојче веле. Има сомневање дека се работи за напади со помош на некаков целен извор на енергија.
Околу двесте американски службеници и членови на нивните семејства се разболеле од мистериозна болест, чии симптоми се мигрена, гадење, оштетување на меморијата и вртоглавица, пишува Ројтерс.
Енигматичниот синдром за прв пат се појавил во 2016 година во кубанската престолнина Хавана. Имало и случаи на целосно губење на слухот.
Слично
