Во албански град поставија статуа на Исус Христос
Во северниот албански град Тропоја свечено е поставена нова статуа на Исус Христос, која со својата големина и изглед потсетува на прочуената скулптура „Христос Спасител“ во Рио де Жанеиро.
Овој впечатлив монумент претставува единствен објект од ваков вид во Албанија и веднаш предизвика внимание кај локалното население и посетителите.
Како што велат градските власти, неговото откривање има двоен карактер – од една страна е симбол на духовност и вера, а од друга, иницијатива за развој на културниот и верскиот туризам.
Слично
