Во Албанија заразени се дури 33,7 отсто од тестираните
Повеќе од третина од тестираните на коронавирус во Албанија се позитивни.
За едно деноноќие има 2.230 инфицирани, што е 33,7 отсто од тестираните.
Во Албанија сега се активни 24.436 случаи, хоспитализирани се 146, а 14 од нив се во критична состојба. Во последните три недели, бројот на заразени на дневно ниво, во просек е 2.200 луѓе. Омикрон е широко распространет во Албанија.
Состојбата е лоша во целиот регион.
Во последните 24 часа во Косово се регистрирани 3.206 случаи на зараза со коронавирус. Во изминативе 24 часа во Федерацијата БиХ биле тестирани 3.321 примероци, од кои 1.840 биле позитивни на коронавирус (САРС-КоВ-2), а шест пациенти починале. Нови случаи на зараза се регистрирани во сите кантони во Федерацијата БиХ, а Србија пријави над 13.000 заразени.foto freepik.com
Слично
