Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Албанија спречен шверц на 500 килограми марихуана

Во Албанија спречен шверц на 500 килограми марихуана
Албанската полиција на граничниот премин Капштица, на албанско-грчката граница кај градот Корча, спречи шверц на 500 килограми марихуана. Дрогата е  откриена во камион-шлепер со кој управувал Елди Захири (38) од албанскиот град Драч. „Оваа голема количина дрога беше откриена при скенирање од страна на царинските работници на преминот Капштица. Ова е најголема количина на запленета марихуана на овој премин во последните шест месеци“ – стои во полициското соопштение. Возачот кој сакал дрогата да ја внесе во Грција е уапсен. Полицијата се сомнева дека во шверцот со дрога се вмешани и други лица, кои треба да бидат отркиени во текот на истрагата.
Слично

Поврзани вести