Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Албанија скоро 80.000 семејства живеат од социјална помош

Во Албанија скоро 80.000 семејства живеат од социјална помош

Во соседна Албанија 79.500 семејства зависат од државната финансиска помош.

Елбасан е на врвот на листата на градови со најголем број на домаќинства кои добиваат социјална помош. Според податоците на Институтот за статистика од последниот квартал од 2015 година , 18,6% од социјалната помош, обезбедена од буџетот на државата оди во регионот на Елбасан. Во главниот град Тирана, се одлеваат 10,2% од социјалната помош. Во градовите Валона, Ѓирокастро, Фиер и Берат имаат нешто пониски бројки кога се работи за социјалните случаеви.

На национално ниво има околу 79.500 семејства приматели, што претставува намалување од 2,6% во споредба со третиот квартал од 2015 година.

Слично

Поврзани вести