Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Албанија има 1.100 муџахедини, ќе пристигнат уште 2.000

Во Албанија има 1.100 муџахедини, ќе пристигнат уште 2.000

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека во неговата земја од 2013-та година се пристигнати вкупно 1.100 муџахедини, а до крајот на годината се очекува да пристигнат уште  2000.

Во писмото на Рама до Фламур Нока, потпретседател на Собраниската Комисија за национална безбедност, што го објавуваат медиумите блиски на Демократската партија која е во опозиција, Рама наведува дека официјална Тирана се стави на страна на главниот сојузник САД кој побара заштита на муџахедините од Ирак привремено да се призвремено засолнат во Албанија.

„Секој член на организацијата на муџахедините – МЕК кои се во Албанија, имаат  добиено дозвола за престој и здраствен картон, и до сега никој од пристигнатите нема побарано албанско државјанство“- стои во писмото на Рама.

Албанската влада по барање на Вашингтон се согласи од 2013-та до 2016-та година да прими 3.000 муџахедини од Ирак, кои таму биле сместени во одредени кампови.

Слично

Поврзани вести