Во Албанија и со македонска возачка дозвола
Република Македонија и Република Албанија најавија дека ќе потпишат договор за признавање на возачките дозволи во случај на престој на граѓаните од една во друга држава и тоа во петок кога е планирана посетата на премиерот Никола Груевски на Албанија.
„Ова значи дека по потпишувањето на меѓудржавниот договор, во идниот период македонските граѓани кои престојуваат во Република Албанија нема да имаат обврска за полагање возачка дозвола во Албанија, туку ќе се смета за важност полагањето за македонска возачка дозвола. Истото ќе важи и за граѓаните на Република Албанија“, соопшти владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Според Ѓорѓиев, за време на посетата во петок ќе биде потпишан и договор за отворање заеднички граничен премин Џепчиште - Требиште.
Слично
