Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Албанија 17.6% нефункционални кредити

Во Албанија 17.6% нефункционални кредити
Во соседна Албанија во последниот квартал од 2015 година имало 17.6% „лоши кредити“, што претставува подобрување во однос на третиот квартал лани кога имало 20.2% нефункционални кредити. Овие податоци ги објави Банката на Албанија и се смета дека падот се должи на преземени повеќе мерки, меѓу кои е и реструктуирање на кредитите на големите компании.  Постои негативен развој, што покажува дека подобрувањето на нивото на проблематични кредити доаѓа од чисто технички причини, но не и од подобрена  економска состојба. Се очекува нивото на нефункционални кредити во Албанија да се намали на 15% во 2016 година. „Кредитите во извршување" со одложено плаќање на рати во рок од три месеци, се зголемиле  од  6,2  на 7,4 %. Ова ќе доведе до негативни последици за развој во наредните квартали.    
Слично

Поврзани вести