Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во акцијата „Титаник“ уапсен градоначалникот на Пустец

Во акцијата „Титаник“ уапсен градоначалникот на Пустец

Едмунд Темелко градоначалникот на Пустец е уапсен утрово во Ресен во рамки на првата истрага која СЈО ја презеде а се однесува на изборни измами и злоупотреби, пренесуваат медиумите повикувајќи се на извори од СЈО.

Според информациите од прес-конференцијата, која заврши пред малку Специјалното обвинителство побарало притвор за осум лица, а меѓу осомничените се поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски.

-Отворени се постапки за 10 кривични предмети од областа на изборите и гласањето, слободите и правата, општата сигурност и кривични дела за службената должност. Во оваа фаза доминираат за изборите и гласањето за да се спречат злоупотребите на нови кривични дела, кажа Јанева.

Јанева рече дека се чуствува слободна и цврста зошто на нејзина страна се уставот и законите.

„Ме охрабрува и поддршката на меѓународната заедница, истакна специјалната обвинителка а таа и нејзиниот тим денеска соопштија дека е отворена истрага за неколку случаи во предистражна постапка, при што кажаа дека засилено се работи на предметот „Титаник“ кој се однесува на изборен криминал.

Слично

Поврзани вести