Во 2026 поскапување на градинките во десетици општини
Партиципацијата за градинките во Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров, Вевчани, Прилеп и други општини ќе поскапи од 2026, откако Советите на општините донесоа одлука за зголемување на цената.
Ова следува откако десеттици општини низ државата на последните седници на Советот во 2025 година донесоа одлуки за зголемување на надоместот за сместување во детските градинки.
Во просек, цената се зголемува за 34 отсто, односно од 1.490 на 2.000 денари или за 500 денари по дете. Па така, оние родители кои носат две деца во градинка од следниот месец ќе треба да издвојат дополнителни 1000 денари за сместување во градинките.
Родители на социјалните мрежи се жалат на ваквото поскапување и додаваат дека покрај тоа што плаќаат повремено имаат и дополнителни трошоци, односно од нив се бара да купат и донесат средства за хигиена, влажни марамчиња, хариени брисачи и сл.
Образложението на речиси сите локални власти каде се покачи цената е дека тоа било поради зголемените трошоци за живот и раст на просечната плата, како и фактот дека цената досега не се коригирала со години.
