Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во 2020 сме произвеле 38,3 отсто од вкупно потребната енергија

Во 2020 сме произвеле 38,3 отсто од вкупно потребната енергија

Во текот на 2020 година, со домашно производство на енергија во Македонија биле покриени 38,3 отсто од вкупните потребите на граѓаните. Ова го соопшти Државниот завод за статистика во енергетскиот биланс за 2020 година. 

- Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, вкупното бруто-примарно производство на енергија во Република Северна Македонија изнесува 992 140 toe или 38,3 отсто од вкупно потребната енергија. Вкупната потребна енергија за 2020 година изнесува 2 593 679 toe. 

Најголеми финални потрошувачи на енергија во 2020 година се: сообраќајот со 35 отсто, домаќинствата со 27 проценти и индустријата со 24,5 отсто (од расположливата финална потрошувачка) - се наведува во соопштението на ДЗС. 

Бројките кои ги објави ДЗС покажуваат дека вкупната енергетска зависност од сите енергенти во земјава изнесува 63,5 проценти. Во продолжение деталите за потрошувачката на различни типови енергија во земјава.

Слично

Поврзани вести