Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во 2019-та ќе се потрошат 1,279 милијарди на патишта

Во 2019-та ќе се потрошат 1,279 милијарди на патишта

Владата објави дека во 2019-та ќе се потрошат 1,270 милијарди евра на довршување и започнување на автопатишта и експресни патишта низ Македонија.

Премиерот Зоран Заев најави дека ова ќе биде реализирано без кампањски мотиви.

- Ова нема врска со претседателските избори, локалните избори во три општини или можните парламентарни избори годинава. Тоа се пари кои се во буџетот и треба да се реализираат - рече Заев.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески питврди дека за оваа намена 300 милиони се обезбедени од буџетот, а другите средства ќе бидат обезбедени од кредитирање од странски банки.

- Во оваа сума од 1.270 милиони евра влегуваат пари обезбедени од јавните претпријатија, односно од ЈП државни патишта, а не само пари од централниот буџет - рече Сугарески.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев рече дека во 2019-та нема да има ниту една слободна градежна машина и тоа директно и индиректно ќе го зголеми националниот БДП, нешто што недостигало лани.

- Владата покажува сериозна посветеност со видливи активности на терен. Ќе се гради и коридорот 8 на потегот кон Бугарија. Нема да има слободна градежна машина - изјави Анѓушев на владината прес-конференција.

Слично

Поврзани вести