Во 18.45 часот ново обраќање на Иванов до нацијата
Претседателот Ѓорге Иванов, попладнево ќе се обрати до граѓаните на Република Македонија, најави претседателскиот кабинет.
Обраќањето на Иванов е закажано во 18,45 часот од претседателската резиденција вила Водно.
Во соопштението не се наведува темата за која претседателот ќе се зборува во 18.45 часот.
Ова е четврто обраќање до нацијата на Иванов во последните два и пол месеци. Првото обраќање беше на 12 април, за аболицијата, а Иванов имаше уште едно обраќање на 15 април, кога соопшти дека останува на својот став за аболицијата и дека не ја повлекува. Тој на 27 мај го имаше третото обраќање, на кое повлече дел од одлуките за аболиција. На 6 јуни Иванов се огласи преку соопштение и целосно ја повлече аболицијата.
Слично
