Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во 12 часот мирен марш за ослободување на МРТ

Во 12 часот мирен марш за ослободување на МРТ
Протестен марш против начинот на известување на македонскиот јавен радиодифузен сервис, е закажан за денеска на пладне и ќе почне пред споменикот на бранителите во Скопје. ,, Да се собереме сите заедно во недела и со мирен марш да отидеме пред Македонската радио телевизија и да ја ослободиме. Се тргнува од споменикот на “Бранителите” спроти собранието (во Жена парк), а крајна дестинација ќе биде МРТ “ - повика генералот Стојанче Ангелов од својот Фејсбук профил. Ангелов вели дека  протестот е без партиски и етнички обележја, и повикува на марш за мирно и достоинствено изразување на незадоволството од известувањето на МРТВ, која според него, ги цензурира сите непријатели на владејачката партија.
Слично

Поврзани вести