Внукот на Енвер Хоџа влегува во затвор поради трговија со дрога
Внукот на поранешниот албански комунистички диктатор Енвер Хоџа Ермал Хоџа доби десет години затвор поради учество во трговија со дрога.
42-годишниот Хоџа беше осуден заедно со уште 8 криминалци поради трговија со кокаин од Латинска Америка. Меѓу осудените има и двајца колумбиjци. Сите добија казни меѓу 10 и 13 години.
Oсудениците беа приведени во месец јануари 2015 година при спецоперација на албанската полиција. При приведувањето во скривница крај Тирана беа откриени околу 120 кг. кокаин.
Ермал е најстариот внук на Енвер Хоџа, кој управува со Албанија од 1944 до неговата смрт во 1985 година.
Слично
