ВНИМВАЈТЕ: Епидемија на мали сипаници во Скопје!
На подрачјето на Скопје е прогласена епидемија на мали сипаници, откако кај 25 пациенти лабораториските наоди покажале дека се заболени од морбили.
Половина од нив се на возраст од 25 до 40 години, а останатите се деца до 4 години. Хоспитализирани се 22 случаи, повеќето од руралните подрачја.
За уште 4 случаи денеска се очекуваат резултатите дали се работи за морбили.
Надлежните спроведуваат разговори со заболените за да го откријат изворот на болеста, а како превентивна мерка вонредно ќе се вакцинираат семејствата на заболените.
Лекарите предупредуваат дека оваа болест возрасните лица ја прележуваат во потешка форма.
Слично
