ВНИМАВАЈТЕ: За ова во Грција следи казна од 50 евра
Во согласност со законските прописи, за возење во влечки кај јужниот сосед е предвидена парична казна од 50 евра, плус одземање на возачката дозвола на еден месец.
Возењето во влечки или во отворени обувки е забрането, затоа што можат да го попречат возачот при маневрирање, а полицијата, освен главните сообраќајници, ги контролира и приодите кон плажите.
Препорачливо е при топлото време, возачите да користат платнени чевли кои не ги загреваат нозете.
Грчката сообраќајна полицијата ригорозно казнува за алкохол, неврзување на појасот и пушење во возилото во присуство на деца.
Метеоролошката служба во земјата за следните денови најавила тропска температура и до 40 степени.
Министерката за туризам, Елена Кунтура вели дека во Грција за првите пет месеци на оваа година престојувале повеќе од 4,5 милиони туристи, што е за 20,4 отсто повеќе во односот на истиот период минатата година.
