Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВНИМАВАЈТЕ ШТО ЌЕ ПОНЕСЕТЕ НА ОДМОР – Омилената дестинација има посебни правила за увоз на храна

ВНИМАВАЈТЕ ШТО ЌЕ ПОНЕСЕТЕ НА ОДМОР – Омилената дестинација има посебни правила за увоз на храна

Грција е една од омилените летни дестинации за туристите од Македонија, но и за соседите. Но, доколку планирате одмор на некоја од дестинациите во оваа земја, а сте навикнати да носите храна за да заштедите, треба прецизно да ги знаете прописите, односно што можете да внесете во земјата.

-  Грција уште пред неколку години забрани увоз на храна произведена надвор од ЕУ. Според одредбите на ЕУ, ако патувате во земја-членка од земја која не е членка на ЕУ, не можете да носите никакви млечни или месни производи. Според „грчкаинфо“, забрането е внесување на месо, млеко и млечни производи. Тоа значи дека во Грција на море не можете да носите виршли, стекови, шунка, сирење, млеко, јогурт, павлака... Исто така, не е дозволено да носите варени и пржени јадења и расиплива храна. Сепак, можете да донесете до 5 килограми свежо овошје и зеленчук, освен компири, до 2 килограми млеко во прав за бебиња или храна за бебиња или храна за посебни потреби, како и до 2 килограми храна за домашни миленици – пишува „Курир.рс“.

Исто така, дозволено е да се внесе ориз, кечап, готови оброци, тестенини, бисквити, чоколадо, вода, сокови, се додека вредноста на овие намирници не надминува 300 евра по патник (150 евра за деца под 15 години) .

Патници кои пристигнуваат со авион од европски земји надвор од ЕУ (како Македонија) смеат да внесат 200 цигари или 50 пури или 250 грама тутун, потоа  4 литри вино, 16 литри пиво, 1 литар жесток пијалок над 22 отсто, како и 50 грама парфем и 250 милилитри колонска вода.  Патници кои пристигнуваат со автомобил или автобус од европски земји надвор од ЕУ, меѓу кои и Македонците, можат да внесат само 40 цигари или 20 пури или 50 грама тутун, како и едно литро жесток пијалок над 22 отсто или 2 литри алкохол од 22 проценти или помалку и 2 литри вино, 50 грама парфем и 250 милитри колонска вода. 

Слично

Поврзани вести