Економија, финансии, бизнис

Контакт

Внимавајте – се снима во автобусите на ЈСП!

Внимавајте – се снима во автобусите на ЈСП!
Започнува монтирањето на снимачи и камери во автобусите на ЈСП со цел да се зголеми безбедноста на градскиот превоз. Уште неделава ќе бидат монтирани 15 камери и 50 снимачи, кои треба да и помогнат на полицијата да се справи со инцидентите кои неодамна се случуваа во автобусите на ЈСП. ЈСП склучи договор за набавка на камерите од турската компанија „Кенткарт“, вреден околу 45.200 евра.
„Ние имаме камери во двокатните автобуси, но немавме снимачи. Kамерите не беа поставени од безбедносни причини, туку за да им помагаат на возачите да видат дали патниците седат и дали е се во ред во автобусот. Со поставување на снимачите, камерите ќе снимаат и ќе може да се види се што се случувало во возилото во период од три дена“, објасни директорот на ЈСП Мишо Николов за „Дневник“.
Првите камери и снимачи ќе бидат поставени на линиите на кои што најчесто се случуваат инциденти.
Слично

Поврзани вести