ВНИМАВАЈТЕ: Отежнато движење по патиштата низ Македонија од утрово
Снег, магла, одрони - ова е состојбата на патиштата низ Македонија од утрово, како резултат на временските услови. Зголемена појава на одрони има кај акумулацијата Козјак, на патниот правец Коломонт-мост Близанско, информираат од АМСМ и ги советуваат возачите на овој дел од патот особено внимателно да управуваат со возилата.
Врнежи од снег со послаб интензитет и остатоци од кашест снег на патот има на патниот правец Крива Паланка - граничен премин Деве Баир. Заради магла видливоста на патот Страцин-Кратово-Пробиштип и Страцин-Куманово е намалена меѓу 50 и 100 метри, додека на планинскиот премин Стража видливоста изнесува само меѓу 30 и 40 метри.
И по останатите државни патишта низ Македонија сообраќајот главно се одвива по влажни коловози и без забрани, па потребно е прилагодување на брзината на условите на патот, предупредуваат од АМСМ.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде исто така е можна почеста појава на одрони.
Слично
