Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВНИМАВАЈТЕ, ОД 15 МЕСЕЦОВ НОВИ ПРОМЕНИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА: Од Државни патишта потсетуваат на промените

ВНИМАВАЈТЕ, ОД 15 МЕСЕЦОВ НОВИ ПРОМЕНИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА: Од Државни патишта потсетуваат на промените

Од Јавното претпријатие за Државни патишта потсетуваат дека согласно оперативните измени во функционирањето на системот за наплата, од 15 месецов на патарините, лентите означени со MTAG ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корисниците на електронски тагови. 

„Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.

ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање:

• електронска наплата (MTAG / MCARD)

• готовинско плаќање (CASH)

Воедно, за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, корисниците се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите:

• зелена стрелка - означува активна (отворена) лента

• црвен икс (X) - означува затворена лента

Непочитувањето на означувањето и намената на лентите може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот“, потсетуваат од претпријатието. 

Слично

Поврзани вести