Економија, финансии, бизнис

Контакт

Внимавајте какво вино пиете, врие од фалсификати

Внимавајте какво вино пиете, врие од фалсификати
Гелови за туширање, вино, цигари, автоделови, играчки и илјадници други фалсификувани производи за домаќинството, вредни милион американски долари, биле отстранети од балканскиот пазар во неколку интервенции на специјалните истражни тимови на Интерпол, во периодот на новогодишните празници, пишува Нова Македонија. На територијата на Македонија, Албанија, Србија, Босна, Хрватска, Црна Гора и Бугарија се одвиваше  операцијата „Бела жива” и со неа беше идентификувана и растурена мрежа на илегална дистрибуција на фалсификувани стоки од заштитени марки, вредна милион долари. Во исто време беа уништени и фабриките за производство на лажните производи во Грција, Чешка Албанија и во Бугарија велат во централата на Интерпол во Лион. Во акцијата било откриено и илегално производство  на индустриска линија што полнела вино во амбалажа на познати вински марки, која била целосно уништена. Лажната винарница се наоѓала во Албанија. Надлежните, во интерес на истрагата, се уште не соопштуваат за кои фалсификувани истраги станува збор.
Слично

Поврзани вести