Внимавајте како возите, магла на планинскиот превој Стража!
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по наместа влажни коловози додека слаб снег паѓа на планинските превои Буково, Ѓавато како и во Ресен и Битола.
Магла со видливост до 100м има на планински превој Стража.
Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.
Штетата на мостот на патниот правец Радовиш –Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. Сообраќајот на патниот правец Демир Капија кон с. Корешница е нормализиран.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Слично
