Економија, финансии, бизнис

Контакт

Внатрепартиските консултации привршуваат, се очекуваат нови преговори во Пржино

Внатрепартиските консултации привршуваат, се очекуваат нови преговори во Пржино

Партиите викендов го искористија за консултации, а утре најверојатно ќе продолжат преговорите за излез од политичката криза во Пржино.

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски, денеска рече СДСМ останува на своите позиции.

„Ние остануваме на нашите позиции и се надевам дека ќе се дојде до договор по вразумувањето на другите учесници во целиот овој процес, особено на ВМРО-ДПМНЕ. Цврсто ќе стоиме на ставот дека министерот за внатрешни работи, за да ги сноси сите одговорности што ги има, ќе мора да ги има во целост сите овластувања, ингеренции што му се по закон. СДСМ од таа позиција нема да се помести“ - вели Николовски.

Со денови се преговара во присуство на амбасадорот на САД, Џес Бејли и евроамбасадорот, Аиво Орав.

На маса се повеќе прашања за кои се преговара, а амбасадорите деновиве соопштија дека има напредок и тие се оптимисти дека ќе има договор наскоро.

Слично

Поврзани вести