Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО ДПМНЕ обвинува: СДСМ бега од договор за 24 декември

ВМРО ДПМНЕ обвинува: СДСМ бега од договор за 24 декември
Со најавите на Заев за повлекување од работната група за 24-ти декември, СДСМ бега од договор, обвини Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ кој вели дека е неприфатливо поврзување на постапките во Собранието со оние надвор од него. Одговорот доаѓа по вчерашните најави на Заев за повлекување од комисијата како одговор на , како што рече политичките апсења во акцијата „Претседавач“ Според Димовски,  токму сега работната група се наоѓа на праг на постигнување на договор за двете најкрупни прашања,  процедурата за носење на Буџет и етички кодекс. „Апсолутно за нас е неприфатливо поврзување на оваа постапка за реформи во собраниските процедури со било каква работа што се случува надвор од Собранието на Р.М. вклучително и оваа легитимна и легална акција на министерството за внатрешни работи за сузбивање на криминал тежок од еден милион евра, како што беше кажано. Во оваа држава мораме да научиме дека законот важи за сите. Без разлика дали некој е член на ВМРО-ДПМНЕ, член на СДСМ или воопшто не е член на ниту една политичка партија. Тоа што едно од дваесетмината осомничени лица е висок финкционер на СДСМ, незначи дека државата нетреба да реагира за сторен криминал“, стои вели во писмениот одговор на Димовски кој побара во СДСМ ќе надвладее разумот и да не биде прифатен предлогот за повлекување од комисијата. Реагираа од СДСМ. Велат вистина е дека работната група работеше на четири од вкупно единаесет препораки содржани од Извештајот на комисијата и се дојде до одреден степен на согласност за  Буџетската постапка и за Етичкиот кодекс. „Но во исто време, не е точно дека работната група е пред завршување на својата работа од едноставна причина што ВМРО-ДПМНЕ не е подготвена на компромис и договор за преостанатите две препораки. Според нив собранието на РМ треба да биде длабоко ограничено и зависно во својата работа од Владата, а на пратениците и суштински и временски да им се ограничи и намали нивната работа и обврска за контрола на Владата и работење во интерес на граѓаните. Тоа за СДСМ е неприфатливо. И тоа е единствената причина зошто до сега не се постигна консензуален договор, макар за четирите од вкупно единаесет препораки. Конечно зошто до сега не се постигна договор, одговорите јавноста треба да ги бара исклучиво во ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на СДСМ.
Слично

Поврзани вести