ВИДЕО: Што славеа симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ на скопските улици?
Некои од членовите на ВМРО-ДПМНЕ синоќа низ улиците на Скопје, го славеа распуштањето на Собранието и најавениот датум за избори на 5 јуни.
Еве ја атмосферата на видеото кое го објави Пресс24.
[youtubevideo url='http://youtu.be/4ybMGgCiJrM']
Членовите на партијата славеа со автомобили по скопските улици, со свирење и развиорени партиски знамиња.
Додека пак од седиштето на партијата на Никола Груевски ечеше химната на ВМРО-ДПМНЕ.
Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски на својот Фејсбук профил објави видео од пред штабот на владеачката партија, на кое се гледа дека во 23 часот во строгиот центар на градот ВМРО-ДПМНЕ ја пушта партиската химна на разглас.
Од партијата велат дека со пуштањето на партиската химна не направиле никаков проблем, ниту некој од жителите на Центар им реагирал.
Ова се случува во моментов, во 23:12 часот. Ви завидувам на сите што имате културни комшии... Posted by Andrej Zernovski on среда, 6 април 2016
Слично
