Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-НП: Зошто премиерот молчи за замрзнатите сметки на Субрата Рој?

ВМРО-НП: Зошто премиерот молчи за замрзнатите сметки на Субрата Рој?
Премиерот Никола Груевски на градоначалничка промоција во Охрид не даде објаснување за најавената инвестиција на индискиот милјардер Субрата Рој на кој што од вчера му се блокирани сметките и треба да враќа долг од три милјарди евра, реагира ВМРО-НП од Охрид. Според нив, откако најави проект од бајките, премиерот, молчи и не кажа ништо за овие празни ветувања. “Откако вчера, судот ги блокира сметките на индиецот Субрата Рој и неговите фирми, Груевски пристигна во Охрид, најверојатно по новиот автопат кој го вети уште во 2006 година.Го прашуваме т.н. премиер и неговата партија зошто вчера, пред граѓаните на Охрид, не се изјасни за новонастанатата ситуација и зошто не им објасни на граѓаните како ќе ги изградат тие објекти. Ќе објаснат ли Груевски и фамилијата пред граѓаните на Република Македонија, кој е всушност Субрата Рој и што се крие зад неговата т.н. инвестиција. Ќе објаснат ли дали е извршена трансакција за хотелот Славија кој наводно го купи индиецот. Исто такво големо инвестирање, Груевски најави пред минатите парламентарни избори, кога во Охрид требаше да се изгради луксузен хотел од синџирот „Хилтон“, велат од општинската ВМРО- НП. Во писмото до премиерот од патријата потсетуваат и за неизградениот, а ветен автопат до Охрид, на затворениот базен, на поврзување на Охрид со железничкиот сообраќај...
Слично

Поврзани вести