Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-НП:Политичкиот вакуум да се искористи за решавање на задачите од Пржинскиот договор

ВМРО-НП:Политичкиот вакуум да се искористи за решавање на задачите од Пржинскиот договор

Од ВМРО-Народна партија потсетуваат дека деновиве наврши една година од потпишувањето на Пржинскиот договор, кој според нив е единствена можност за излез од длабоката политичка криза во Македонија.

Меѓутоа, не само што нема разрешница, туку заради инертноста и несериозноста на политичките партии, кризата уште повеќе се продлабочи и прошири на полето на безбедноста со секојдневните демонстрации низ градовите на Македонија, предизвикани од несреќната и наменска аболиција од претседателот Ѓорѓе Иванов, што Македонија дополнително ја втурна и во уставна криза, наведуваат од партијата.

„ВМРО-Народна партија истовремено констатира, несекојдневно теснопартиско задоволство и релаксираност кај политичките партии потписнички на договорот, од едногодишното меѓусебно надмудрување, а на штета на интересите на Република Македонија. Тоа се гледа во настанатиот политички вакуум, каде нема никакви активности во вистинска насока за излез од кризата, што е  цел на Пржинскиот договор. ВМРО-Народна партија повикува, овој политички вакуум да се искористи за трајно решавање на конкретно посочените задачи од договорот, со нов дневен ред кој ќе утврди поединечно прецизни рокови за: целосно прочистување на Избирачкиот список, решавање на правичното медиумско претставување на партиите, одвојување на партијата од државата и отстранување на партиските притисоци во јавната администрација. Посебно ја повикуваме Државната Изборна Комисија да биде носител на овие активности во делот на надлежностите што ги има“ - стои во соопштението од партијата.

Тие предлагаат предвремените парламентарни избори да се одржат заедно со редовните локални избори, во третата недела од март 2017 година. Сметаат дека овој термин е оптимален за времето кое им е потребно на политичките партии не само декларативно да се залагаат, туку вистински да ги реализираат поставените задачи.

ВМРО-Народна партија смета дека Македонија  треба да биде една изборна единица, со што дефинитивно ќе се создадат услови за спроведување на праведни, фер, демократски и кредибилни избори, признати од меѓународната заедница.

Слично

Поврзани вести