ВМРО-НП: Парадоксална ситуација со протести и контрапротести
Од ВМРО-Народна партија денеска со соопштение реагираа за најавениот протест и контра-протест пред Уставниот суд.
Велат дека ова е парадоксалната ситуација, во која истата партија преку иницијатива до Уставниот суд за оспорување на уставноста на законот што самата го изгласа, сега наменски сака да го укине, заради заштита на свои членови кои учествувале во изборните нерегуларности.
„Ваквата евентуална разврска во нивна корист од одлуката на Уставниот суд, доведува до длабок сомнеж дури и до убедување дека некои нивни членови учествувале во изборни нерегуларности и сега треба со претседателско помилување да се заштитат од кривична одговорност“-велат од партијата.
ВМРО-Народна партија предлага, под услов партиите да се согласат, Уставниот суд да и ги врати правата на помилување на институцијата претседател на држава, но тоа да биде со важност по изборот на новиот претседател во 2018 година.
Слично
