ВМРО-НП: Место 13, Владата избра тендер од 20 милиони евра за барокните факултети
Остра реакција пристига од ВМРО Народна партија денеска за нетранспарентното трошење на буџетските средства на Владата.
Од партијата на Љубчо Георгиевски обвинуваат дека Владата пред неколку дена потпишала договор за изградба на двата факултета во вредност од 20 милиони евра.
Тие јавно соопштуваат дека имаат понуда од фирма која е подготвена да го потпише истиот договор за сума од 13 милиони евра
„Со комплетно истиот договор, Министерството има прилика да заштеди 7 милиони евра од буџетот и со заштедените средства да изгради уште три станбени згради, плус договорената од горе споменатиот тендер, во касарната Илинден за потребите на офицерите“, прецизираат од ВМРО-НП.
Ја обвинуваат владата дека не работела по принципот да заштеди , туку продолжува нетранспарентно да се расфрла со пари.
