Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-НП : Дали највисоките државни функционери се вклучуваат во меѓународен случај за перење пари?!

ВМРО-НП : Дали највисоките државни функционери се вклучуваат во меѓународен случај за перење пари?!

„Со влегувањето на капиталот на бизнисменот Субрата Рој во Р.Македонија директно се нарушуваат неколку меѓународни принципи и стандарди од областа на организираниот криминал“, велат ВМРО-НП во соопштението пратено до медиумите.

-Никаде во светот нема политички средби на премиер, претседател на држава и министер за финансии со бизнисмен за кој во неговата матична држава се водат неколку видови на истраги за финансиски малверзации и чии сметки и имот се замрзнати од Врховниот суд во матичната држава, и истиот суд согласно меѓународно ратификуваните договори бара неговите сметки да бидат замрзнати во странски земји - се вели во соопштението.

Исто така ВМРО-НП јавно прашува дали државниот врв на Р.Македонија е свесен за последиците од пресудата на Врховниот суд на Индија и дека истата таа пресуда е правно обврзувачка и за Р.Македонија? Дали тоа не значи дека највисоките државни функционери на овој начин  се вклучуваат во меѓународен случај за перење пари? „Значи ли тоа дека владата на Р.Македонија со полна свест прифаќа да работи со оф-шор компаниите на Субрата Рој, со тотално непознати титулари на сопственоста и уште понепознато потекло на парите“, се потенцираше во соопштението.

Исто така велат дека ВМРО-НП повеќе години се залага за проектот амнестија на капиталот во Р.Македонија, максимална финансиска либерализација и законодавство кое соодветсвува со законодавствата на оф-шор државите. „Но, ова наше залагање значи системски и законски промени кои ќе важат еднакво за сите, а не само за неколкумина привилегирани избраници на власта“.

-Дали владата на Р.Македонија разбира дека со овој специјален и привилегиран однос кон Субрата Рој ги нарушува и крши сите свои принципи за кои очигледно само декларативно се бори изминативе седум години? - запрашаа од ВМРО-НП.

Слично

Поврзани вести